И струмичките земјоделци незадоволни: Власта не дозволува пазар во Банско

0
138

Производителите на зеленчук од струмичко Банско бараат да им се отвори пазар на влезот во селото за да можат да го продаваат своето производство. Тие секојдневно ја окупираат главната влезна улица во Банско пред Заводот за рехабилитација, каде нудат пиперки краставици, домати или пак ги чекаат трговците од земјава и странство.

Виситински метеж се создава на влезот до Банско познат по лековитите геотермални води. Земјоделците кои барат локација за купопродажба на своето производство тврдат дека биле изложени и на казни од страна на полицијата.

Продажба на зеленчук по улици е строго забрането одговараат надлежните повикувајки се на законската регулатива. Велат дека пазар на големо има во Струмица, каде земјоделците може да вршат продажба на своето производство или пак да го предадат кај регистрирани откупувачи.

Извор:република.мк

Коментирај