Стручни совети како полесно да заспиете кога ноќите се премногу топли

0
87

Заспивањето навечер во премногу топлите летни ноќи може да биде прилично тежок и мачен процес. Најчесто, за барем малку да се разладат, луѓето спијат без покривач. Меѓутоа, без разлика колку ви е жешко навечер, тоа не би требало да го правите.

Спиењето без прекривка нема да ви го олесни заспивањето и да ви го подобри сонот. Напротив, лесните чаршафи обично се добар додаток за спиење.

„Нашиот циркадијален ритам е поврзан со температурата, а падот на телесната температура се случува непосредно пред спиење“, објаснува Елен Вермтер, медицинска сестра и портпаролка на Советот за подобро спиење.

Температурата на телото паѓа во текот на цела ноќ. Тоа е начин на кој телото си ја зачувува енергијата која се пренасочува во други системи, како системот за варење. Прекривките спречуваат вашата телесна температура да падне премногу ниско и да ве разбуди, дури и кога е претопло.

„Имајќи во предвид дека почетното паѓање на температурата е знак за сон, така и покривањето е дел од вашата рутина, па доколку го прескокнете тоа, вашиот мозок ќе почувствува дека нешто му недостасува и ќе ви биде тешко да се опуштите и да заспиете“, тврди Вермтер.

Освен прекривката, експертите препорачуваат и туширање со топла вода пред спиење.

„Кога под туш ќе го загреете вашето тело, го активирате природниот процес за терморегулација“, вели друга експертка за спиење и сон, Челси Роршеиб.

Со други зборови, водата на вашата кожа испарува после туширањето, ладејќи го вашето тело со зголемена брзина. Тоа е порака до мозокот дека е време за спиење. Исто така, после ваквото туширање одењето на спиење под прекривка ќе биде многу попријатно, а не како да влегувате во рерна.

Друг совет е да се покривате со тенки прекривачи и да заборавите на пижамите. Спијте по долна облека.

Температурата на мозокот пред спиење треба да ви падне за еден до два степени. Перниците кои ладат се згоден начин да го забрзате овој процес, а ќе ви ги зголемат и шансите за побрзо заспивање.

Исто така, можете да си набавите и разладувачки прекривки или прекривки од бамбус.

Експертите советуваат пред спиење да ги држите нозете во ладна вода или едноставно да ги откриете кога ќе легнете да спиете. Тоа ќе ви помогне да ја намалите целокупната телесна температура.

Ако спиете со партнер/ка, не мора да спиете гушнати – дајте си малку простор еден на друг.

Извор: taratur.mk

Коментирај