Страсна недела и Велигден во Галичник 1939 година – Млади невести летошни, сите се причествувајет на Цветници, а девојки и стари жени на Велигден

0
319

СТРАСНА НЕДЕЛА И ВЕЛИГДЕН ВО ГАЛИЧНИК 1939 ГОДИНА – Млади невести летошни, сите се причествувајет на Цветници, а девојки и стари жени на Велигден. Страсна недела црквата ја плни глобоко побожен свет со озарени лица.

Во оваја недела работа за клетва не се фаќат од Велја стреда. Навечер во стреда се клавајет јајца во бакам, а на Вели четврток се готови. Во Галичник се многу мераклији во шарање јајца велигденски. И шарат со лута вода и многу убави шарки изводит. Ако је Велигден подоцна и ако је запролетено, тога девојки, невести и деца слагајет кон Лазовине и Песогорица и берет пролетни цвеќиња: кукурек, качунка, подлеска и гороцвеќе. Со нив се закитувајет и закитувајет икони и Христово Распјатије. Овеја го вршит со голема радост и голема побожност. Осеќајет само од себе и сами во себе нов живот и воскреснување на цела природа: и зате тије шо го осеќајет во себе и шо го гледајет околу себе го пренесувајет и на Господа.

На сите редови шо се в црков оваја недела сите одит в црков, отколи девојки шо одит само на Велигден, на полноќ и пред полноќ од страв да не задоцнит на „потрчајче“ за литија околу црков и за да го чујет првото „Христово Воскресеније“! Тога сета црква из еден глас пејет на свој начин: „Христос Воскресе“! „Вајстина Воскресе!“… „и сушчи во гробје живот дарува!”

Коде да се сретнет двајца, се поздравувајет со: Христос Воскрес! и мењавајет црвени јајца. Сиве три дни се играт пред црков ора, поручек до мрак оваја света недеља работа немат фаќање, саде визити, шетање и веселби!

На Балаклија петок женскадија излагат од село надвор и по ливаѓе и зеленило и берет цвеќиња и разни билјачки и пејет песни билјарски и играјет ора. Задниве години се одит многу на Св. Петка. Зашчо да не идет, потот је најживописен и овја храм ден из ден добиват сé поголема важност и за прошетка и за молитва.

Во народот наш, од Велигден и Спасовден до пред тријесетина години немаше друго поздравување отколи со Христос Воскрес. Во задно време мрва по мрва се губит. На Спасовден се поздравује со: Ристос се вознесе.

Велигденски јајца се чувајет за солунците, можите шо ќе идет од гурбет. Некоји години ретко Велигден паѓат рано и тога и солунците и домашните жалит шо не се поздравувајет и со: Ристос Воскрес.

Со црвени јајца најубаво исшарани и врзани за зелени ветки се китит гробови на свои мили за и тије да се зарадвет. Колкава љубов и колкава вера и побожност. Ја мисла да је овеја асли култура!

Професор Риста Огњановиќ-Лоноски, роден во Галичник 1870 година, загинал при бомбардирањето на Скопје во 1941 година (Од книгата „Галичник и Мијаците“ печатена 2004 година, Македонска академија на науките и уметностите и Фондација Трифун Костовски)

Фејсбук објава на академик Горазд Росоклија

*Насловната фотографија е од Благој Дрнков, од споменатата година, но е направена за време на друг празник – на неа е прикажана една од свадбите што се правеле во Галичник за време на празникот Петровден 1939 година. Со еден убав поглед кон еден дел од Долно маало. (Извор: Фејсбук)

Коментирај