Стопанска банка АД Скопје одлучи да подели дивиденда во износ од 2,7 милијарди денари

0
968

Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје (СБ) одлучи да исплати дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.776.168.620,00 денари (две милијарди седумстотини седумдесет и шест илјади милиони сто шеесет и осум илјади и шест стотини дваесет денари).

Бруто дивидендата по акција изнесува 159,00 денари (сто педесет и девет денари).

Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 29.12.2016 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 26.12.2016.

Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 27.12.2016.

Исплата на дивиденда ќе отпочне на 29.12.2016.

СБ ќе го објави известување до акционерите кои имаат право на дивиденда во најмалку еден дневен весник и на веб страницата на СБ.

Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

За фискалната 2014 и 2015 година Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка по оданочување во износ од 3.429.041.081,00 денари (три милијарди четиристотини дваесет и девет милиони четириесет и една илјада осумдесет и еден денари). Врз основа на Одлуката за распределба на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2014 година (С.О. бр. 290/28.05.2015) и Одлуката за распределба на добивката на Стопанска банка АД – Скопје за 2015 година (С.О. бр.320/26.05.2016), добивката беше распределена како акумулираната добивка слободна за исплата на дивиденда.

Во 2015 година СБ го зголеми капиталот од акумулираната добивка во износ од МКД 2.159.353.000,00 (35 милиони евра) , со што дополнително ја зајакна  капиталната база на ниво кое е над регулаторните барања. Успешните перформанси и високиот профит, како и силната капитална позиција, која Банката ги остварува во континуитет во текот на последните години, ги зголеми очекувањата на акционерите на Банката, особено оние на малцинските акционери, дека дел од постигнатите финансиски резултати, акумулирани со години, треба да се распределат.

Овој предлог ја утврдува висината и начинот на исплата на дивиденда врз основа на релевантните одредби од Законот за трговски друштва. Се предлага дел од добивката од 2014 година и добивката од 2015 година да се распредели како бруто дивиденда за обичнита акции во износ од 2.776.168.620,00 денари (две милијарди седумстотини седумдесет и шест илјади милиони сто шеесет и осум илјади и шест стотини дваесет денари), кои ќе бидат исплатени на акционерите на Стопанска банка АД – Скопје. Вкупниот број на обични акции изнесува 17.460.180, а бруто дивиденда по акција изнесува 159,00 денари (сто педесет и девет денари).

Согласно законската регулатива, исплатата ќе почне на 29.12.2016 година. Дивидендата ќе биде исплатена на сите запишани акционери на обични акции на денот на пресек на акционерската книга – 29.12.2016 година.

Банката ќе ги одземе од бруто износот на дивидендата и плати сите даноци согласно важечката законска регулатива во земјата, на денот на исплатата на дивидендата.

Имајќи го предвид наведеното, се предлага Собранието на акционери на СБ да ја донесе оваа Одлука.

Коментирај