Столтенберг ги поздрави двојазичноста и договорот со Бугарија

0
742

При неговото обраќање во Собранието генералниот секретар на НАТО, Јанс Столтенберг, истакна дека очекува по знамето на Црна Гора пред зградата на седиштето на НАТО да се развиори и Македонското знаме.

Тој рече дека во изминатите години Македонија покажала посветеност кон НАТО интеграциите. Но дека неопходно е решавање на спорот со името,

-Ги поздравувам напорите на владата да го решат спорот со името – рече Столтемберг.

Тој додаде дека НАТО не е само воена алијанса, туку е и вредносна алијанса и токму затоа ги поздравува законот за двојазичност и договорот со Бугарија кои според него биле реформски.

Денес Столтенберг ќе се сретне со сите политички лидери од Република Македонија.

Коментирај