Стоилов жали за пропуштените шанси, Талески што немаме уште еден Лазаров

0
280

Македонската ракометна репрезентација беше поразена од Чешка (27:25) во 2-то коло од ЕП, иако на полувреме имаше предност од два гола.

Сега за пласман во следната фаза ќе мора да ја победиме селекцијата на домаќинот Австрија во последното коло.

„Имаме уште еден натпревар кој мора да го добиеме. Многу промашувавме во овој дуел, а на спротивната страна Чешка погодуваше кога е најпотребно и тоа е тоа, затоа е таков резултатот. Мора да даваме голови кога имаме шанса“, изјави Стоилов.

Талевски смета дека натпреварот го одличил тоа што освен Лазаров никој друг не успевал да постигне гол од далечина.

„Освен Лазаров кој даваше голови од надвор, ние останатите не можевме да направиме ништо. Во последните 15 минути и се уморивме. Во вториот дел доста промашувавме. Немавме решение како да ја разбиеме одбраната на Чешка“, изјави Талески.

Извор: Спортски.мк

Коментирај