Стоилковски: На говорница вика „Јас сум“ и тоа била разликата, а единствена разлика е што не сте ни Хибриди, туку длабоко загазени во Авторитаризам!

0
236

Излегува на собраниска говорница и вика „Јас сум“ и тоа била разликата!? Единствена разлика е што не сте ни Хибриди, тоа е ублажената порака, туку длабоко сте загазени во Авторитаризам!

Карактеристиките се видливи: високо концентриранa и централизирaна моќ која се одржува со политичка репресија и гонење на потенцијалните опоненти, носи произволни закони на штета на владеење на правото, изборите претежно се лажирани, нема толеранција за значајната политичка опозиција, се обидува да го задуши граѓанското општетство, политичката моќ ја одржува со бирократски систем и создавањето на верност преку различни средства за социјализација и индоктринација.

Се е ова видено и препознаено преку неказнетата корупција и рекетирањата, трговија со правото за пратенички гласови. Никој повеќе во државава, а верувајте ниту надвор не може да ве гледаат. Ви иде крајот и тоа си го знаете, затоа е сиот овој кошмар! Така дојдовте, така ги продадовте државните интереси, така ја обезличивте Македонија, така си заминувате! Срамно!

#KikiFrikiNightmareShow #НиСрамНиПерде #ЗаконЗаЗаштитаНаРекетаритеИКриминалците

Фејсбук објава на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Оваа негова објава доаѓа по говорот на пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски кој порача: „Колеги од ВМРО-ДПМНЕ, вадите некои слики, а воопшто не ја гледате разликата. Огрешените од законот кои се сликале со нас, се наоѓаат во притвор и ниту Заев, ниту Кирацовски не кренале телефон за да ги спаси. Но, Вие, криминалците фотографирани со вас, ги чувавте на слобода или им помогнавте да пребегаат. Разликата е огромна!“

Коментирај