Стоилковски до Анѓушев: Нема да замолчиш!

0
379

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски пишува дека вицепремиерот Кочо Анѓушев се крие зад неговата семејна компанија, за да врши притисок врз медиумите и опозицијата. Наместо лично да одговори, испраќа закани преку семејната компанија управувана од неговиот брат, компанија чиј што косопственик е компанија лично на Кочо, пишува на Фејсбук Стоилковски.

Не Кочо, фирмата реагира, а фирмата во косопственост на Кочо, управувана од брат му! „Ајде мајката“! И нема одговор на ниедно „Дали“!

Оттука ќе му одговорам нему лично.
Види, Кочо, вистинска тортура се врши врз опозиционерите кои се во притвор, но и врз службеничка во МТВ, кои два месеца не знаат зошто се притворени.
Не МХЕ Тополки, лично Кочо Анѓушев нека каже дали навистина постои документ со кој што од МТВ бараат мислење од Државното правобранителство, за тоа дали има пречки за долготраен закуп на земјиште на фирмата „Тополки“ каде управител е Тодор Анѓушев, брат на вицепремиерот Кочо Анѓушев? Ако постои, дали тој документ е потпишан од Анета Јорданова, а бил изработен од Дејан Митески, двајцата кои по неколку дена потоа се притворени и веќе два месеци се во притвор и можеби и ќе продолжат да „лежат“ без пресуда?

Второто „Ајде мајката“ е за реакцијата од Тополки! Тортура трпела компанијата и нејзините чест и углед? Но, што е со честа и угледот на антикорупционерите во ДКСК, каде и по 4 месеци немаат мрднато во предметот Тополки, додека Кочо непречено „си ја тера водата“ на негова семејна хидроцентрала? Кочо вицепремиерот, сокриен зад соопштенија од фирмата, не го интересира тоа? Притоа МХЕ Тополки, потресена од пресот, нека праша со едно соопштение, до каде е предметот за конфликт на интереси? Ако не стравува од одговорот, веројатно до сега ќе го стореше тоа, наместо да се реагира на пресови, или се лажам?

„Ајде мајката“! Одговорноста за честа и угледот на МХЕ Тополки лежи само и само кај Кочо Анѓушев, вицепремиер за економија, бидејќи како дел од владата не инсистирал прво да се добие мислење од отворениот предмет во ДКСК дали има судир на интереси заради Анѓушев министерот и Анѓушев управителот, туку владата во која Анѓушев е вицепремиер донесе одлука да даде под закуп 32 парцели државно земјиште на Анѓушев МХЕ Тополки. И никаде на друго место.

Тоа што Анѓушев мисли дека е семоќен заради функцијата во владата и никој не смее да постави прашање е тежок товар за компанијата на Анѓушев. Оттука, МХЕ Тополки нека почне да бара извинување од Анѓушев заради тенденциозности или потешкотии во „нормалното законско работење“ како што милувал Анѓушев да стои напишано.

Ова е слика од новинарскиот прилог на национална ТВ по што исто реагираше затскриен зад семејната фирма.

Сега повели Кочо, сцената за одговори е твоја!
Не сум јас од оние приколките кои се влечат по тебе!
Мене не можеш да ми укинуваш реклами!
И нема да ме замолчиш, стои во тектот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Коментирај