Стигна и потврда: Ќе има реванш меѓу Кабиб и Мекгрегор!

0
142

Шампионот во лесна категорија во УФЦ, Кабиб Нурмагомедов веројатно ќе има нова борба за својот најголем ривал, Конор Мекгрегор и тоа на 13 април.

Претседателот на УФЦ, Дена Вајт најави дека реваншот меѓу двајцата борци би можел да се одржи во 2019 година.

„Мислам дека многумина сакаат да ја видат реванш. Ќе видиме како ќе се одвивата работите. Верувам дека до борба може да дојде оваа година, во зависност колкава ќе биде суспензијата, но ако биде се во ред, реванш секако ќе има“, изјави Вајт.

На оваа изјава ММА-тимот на Дагестан денес има мистериозен одговор. Тие на Твитер испратија порака за УФЦ 236, а дали тоа значи дека токму тогаш ќе ги видиме двајцата борци, ќе дознаеме набрзо.

УФЦ 236 настанот е закажан за 13 април. Уште не е познато каде ќе се одржи, но во меѓувреме двајцата борци треба да одат на сослушување кај Атлетската комисија поради хаосот кој се случи на нивната последна бора.

Извор: sportski.mk

Коментирај