Старец Пајсиј – За искушенијата

0
203

Искушенијата кои Бог ги допушта се според нашата издржливост. Секако, многупати во прашање се само обични замки. Силен ветар често го корне од земјата она дрво, кое нема длабоки корени.

Нормално, никој не може да и наштети на својата душа, освен самите на себе.

Во искушенијата кои Бог ги допушта, човекот се испитува себеси и ја осознава својата духовна состојба. Добро е што Бог допушта искушенија, инаку и понатаму би имале скриени страсти. И кога би нè пуштил во рајот онакви какви сме, тоа ништо не би вредело, зашто и таму, пак, би направиле проблеми. И токму затоа допушта страданија за да ја очистиме душата со солзи и покајание и да се „принудиме“ кон Бога, како кон Спасител.

Луѓето, кои се оддалечени од Бога се најбедните луѓе и во овој и во идниот, вечен живот. А уште победни од нив се демоните, кои, од Бога се оддалечиле пред повеќе илјади години, и продолжуваат да се оддалечуваат со својата гордост и злоба останувајќи непокајани.

А најблажени од сите луѓе се оние кои најмногу се каеле, и со труд и внатрешен прегор го уништиле гордиот непријател, и го смириле немирното тело со постојано подвизување.

Кога гревот ќе се вовлече во човекот, тогаш ѓаволот стекнува поголеми права. А за да си замине, неопходно е да се сруши старата куќа и да се изгради нова.

starec-pajsij-razgovorОние, кои од раѓање имаат некој недостаток, ќе имаат и голема награда (доколку не негодуваат), сè додека со благодатта Божја не се ослободат. Додека оние, кои, самите си предизвикале несреќа, треба и сами да се борат за ослободување.

Оние, кои се родени со наследни мани, а се труделе да ги отстранат и така станале добродетелни луѓе, заслужуваат поголема награда од оние, кои биле задолжени од своите родители, а долгот не го вратиле, туку, уште и осиромашиле.

Не треба да се вознемируваме од неправдите во овој живот, кои ни ги нанесле било луѓето, било демоните.

Оној, кој се надева на човечката правда е неразумен човек, а уште понеразумен е оној, кој не ги заборава неправдите кои му ги сториле другите, како и добрината која тој ја покажал кон другите.

starec-pajsijПоголема благодарност им должиме на оние, кои кон нас се однесувале неблагодарно, отколку на оние, кои постојано ни се заблагодаруваат и така ни ја ограничуваат наградата само во текот на овој живот.

Најдобра од сите услуги е, кога неправедно нè проколнуваат, ние ова да го примаме доброволно и со молчење. Се разбира, оние кои се близу до Бога, никогаш нема да бидат проколнати, зашто немаат зло во себе, туку само добрина и какво било зло да им припишуваат, само уште повеќе ги осветуваат.

Извор: Бигорски манастир

 

loading...

Коментирај