Стаменковска: По договорот за парламентарни избори се случуваат невидени притисоци и уцени врз администрацијата

0
367

Како во многу сфери во македонското општество, така и во администрацијата владее тотален хаос.Ова денес го изјави Невенка Стаменковска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Текстот од изјавата го пренесуваме интегрално во продолжение.

После две години од формирање на Совет за реформа на јавна администрација, посебно последните триесет дена откако се договорија предвремените парламентарни избори во април 2020 година, се случуваат незапамтени во историјата на самостојна Македонија, незаконски партиски вработувања, притисоци и уцени врз администрацијата и општо непочитување на законите и законските обврски.

Имено, од 20 октомври 2019 година, до денес, согласно нашата евиденција, објавени се: Над 1500 огласи за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за над 2500 лица, додека од 11.11.2019 година, откако одржав прес конференција пред зградата на Делегацијата на Европска Унија, до денес, објавени се нови 452 огласи за вработување во администрација на определено и неопределено работно време за вкупно 519 лица.За една недела, од страна на административните службеници и вработени во државните и јавни институции, пристигнати се стотици докази за поведени дисциплински постапки, незаконски распоредувања и отказни решенија и тоа:

– 32 Решенија за изречени дисциплински мерки-90 Решенија за распоредување на пониско ниво-55 Решенија за распоредување во друга општина, надвор од местото на живеење-37 Решенија за отказ од работно место

Додека власта свесно ги злоупотребува институциите и нивните буџети за партиски цели, и со тоа ја загрозуваат иднината на сите граѓани, се гледа и од Извештајот за реализација на годишниот план за вработување објавен на страната на Министерството за информатичко општество и администрација, за периодот јануари – јуни 2019 година. Извештајот за периодот јануари – јуни 2019 година, ја потврдува бруталноста во практикување на власт на СДСМ. Државна институција, министерство, без срам објавува нецелосен документ, во кој за многу институции воопшто нема податоци, во кој има реализирано повеќе вработувања од планираните, во кој се планирани вработувања за една етничка заедница, а се вработени од друга, во кој не се внесени податоци согласно член 9 од Методологијата со која е уредено извештајот да содржи насловна страна и три дела, и тоа:

– Дел 1. Реализирани движења на вработените во рамките на институцијата во полугодието,– Дел 2. Реализирани намалувања на бројот на вработени во рамките на институцијата во полугодието, и– Дел 3. Реализирани зголемувања на бројот на вработени во рамките на институцијата во полугодието.

Со Законот за вработените во јавниот сектор во член 46 определена е Глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност и ќе му се изрече на функционерот кој раководи со институцијата, ако: не достави извештаи за реализација на годишниот план за вработувања, или во извештаите внесе лажни податоци.

Дополнително ги потсетуваме членовите на Совет за реформа на јавната администрација на член 20-б став 9 од ЗВЈС кој гласи: Доколку и по истекот на рокот од став (8) на овој член функционерот на институцијата до Министерството за информатичко општество и администрација не достави усогласен план и не добие позитивно мислење, институцијата нема да може да спроведува постапки за нови вработувања. Императивна норма која доколку не се почитува, сите вработувања се ништовни!Доказите и аргументите ќе ги доставиме денес до Делегацијата на Европската Унија.Злоупотребите од страна на власта на СДСМ мора да запре, а законите мора да се почитуваат!На власта и порачуваме: Обнова на Македонија следува и одговорност за вашите злоупотребите ќе има!

Коментирај