Стадионот во Прилеп спремен за новото продолжение на Џурасик парк!

0
142

Срамна слика е забележана на градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Во некогаш најфудбалскиот град беше почната реконструкција на стадионот во 2016 година, но три години сцената е застрашувачка и наликува како да е од филмот Џурасик парк.

Иако беше почнато реновирањето на стадионот, сепак беа пронајдени некои нерегуларности во проектот, па целата работа на „Гоце Делчев“ беше прекината.

Навивачите тогаш добија ветувања дека наскоро ќе се најде нов изведувач и ќе се продолжи со ремонтот на стадионот, но досега не е допрено ништо, па може да се забележи како целата инфраструктура е обрасната во трева и дрвја.

stadion1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

извор: republika.mk

Коментирај