Српски кошаркар го „запали“ регионот: Од каде сега тука дојде Модриќ? (ФОТО)

0
87

Српскиот кошаркар Немања Недовиќ денес крена прашина со својата објава на друштвената мрежа Твитер која беше посветена на Лука Модриќ.

Ќе потсетиме, Лука Модриќ вчера стана првиот Хрват во историјата кој ја освоил „Златната топка“, а Недовиќ во таа прилика спреми шега која нема да им се допадне на Хрватите.

„И покажувам на девојка ми дека од 2008 година па навака Златната топка ја освојуваа Роналдо и Меси и ми вика – кој го повика тука сега Модриќ“, напиша Недовиќ, па на неговиот пост настана мала „војна“ со коментари.

Извор: sportski.mk

Коментирај