Српска работа: Си направи фризура со Путин

0
322

Посетата на Србија од страна на претседателот на Русија, Владимир Путин, предизвика вистинска хистерија кај нашиот северен сосед која не ги избегна ниту фризерските салони.

Дечко од Нови Сад реши доаѓањето на Путин да го одбележи со специјална фризура на својата глава. За таа цел се обрати до талентираниот уметник , кој под името Марио Хвала на Инстаграм објави видео и фотографија од момчето на кое на тилот му го избричи ликот на Путин.

Марио и претходно го привлекуваше вниманието на јавноста со објавување на избричени тилови со ликовите на Новак Ѓоковиќ, Доналд Трамп, Лионел Меси и други познати личности, обликувани од косата на клиентите.

Коментирај