Српска пејачка обвинета за кражба

0
507

Пејачката Мина Костиќ се најде во центар на скандал поради купување на гардероба преку интернет.

Вработените во еден дуќан на социјалните мрежи објавија дека пејачката купувала облека од кај нив, но дека не ја плаќала со изговор дека нема пари.

Пејачката се одлучи и откри дека таа порачувала гардероба, а добивала „крпи“.

„Ова е „дама“ која купуваше многу облека кај нас, се фотографираше, снимаше спот и тогаш сакаше се да врати под изговор дека нема пари бидејќи позајмила и требало да ги врати, па и дека гардеробата не и одговара. Секако, ние не прифативме и госпоѓата одлучи да не „тужи“ за лажно продавање на интернет. Секако, се е докажано дека не е точно,но ете тоа е „естрада“,пишува на Фејсбук профилот на бутикот.

Мина Костиќ потврди дека неодамна започнала соработка со нив, но дека уште на самиот почеток била незадоволна.

Тоа што го напишаа е потполна лага. Јас преку нив нарачав одредени работи, но ми пристигнаа крпи.Не можев да носам такви работи, па одлучив да ги вратам, ниту едно парче облека не го носев никаде. Ми рекоа дека не враќаат пари, па одлучив да ги тужам и секако дека ги добив. Па, потоа мораа да платат, тоа се случи пред еден месец вели пејачката.

Извор:lider.mk

Коментирај