Србов: СДСМ дојде на власт со лажни ветувања како 500 евра плата и чист воздух и сите го знаат тоа

0
249

Кога веќе се остава впечаток дека власта сака да ги одложи изборите, а тука како причина да биде ратификација на Протоколот во Собрание, не гледам зошто иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ тоа да се направи веднаш, а да има одложено важење, би била политикантство, посочи аналитичарот Никола Србов на гостувањето на телевизија Канал 5.

-Владата за две и пол години имаше голема динамика и го направи сето она што не го ветуваше како Преспански договор, односи со Бугарија, се отвори и Законот за јазиците. Ништо од ова не вети, или не говореше онака како излезе на пример со Договорите со Грција и Бугарија. Се она пак што го ветуваше задржување на младите чист воздух, 500 километри патишта, 500 евра плата…, не го направи. Терање на кампања со лаги доведува до вакви реакции како сега. И сега има гнев и разочараност дури и кај поддржувачите на СДСМ. Доколку пак дополнително се случи одлагање на изборите во април ќе се случи една политичка криза која знаеме како изгледа кај нас, изјави Србов. Тој посочи дека никој не е Дедо Мраз и треба да гледа што ветува.

-Сите работи се процеси и не се решаваат преку ноќ. Она што сега се случува е само задолжување. Поентата е кога излегувате на изборите треба да имате проекти за кои кажувате кога ќе се остварат и колку ќе чинат. Со лажни ветувања како 500 евра плата и чист воздух го измами народот. Ова што го направи СДСМ и Заев со Договорите со Грција и Бугарија требаше да го каже пред избори, рече Србов.

Коментирај