Срамна одлука: Обвинетите за тероризам од „Монструм” остануваат на слобода, а приведените од „Заедничка Македонија“ трет месец се во притвор

0
282

Обвинетите за тероризам за петкраткото убиство кај Смиљковското езеро остануваат на слобода и покрај тешкото дело, нивното повторено судење започна денес. И додека тие се бранат од слобода за тероризам веќе три месеци во притвор се лицата од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал остана на првичното обвинение за петкратното убиство што се случи на Велики Четврток во 2012 година кај Смиљковското езеро.

На денешното повторно судење за случајот „Монструм“ обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.

Остануваат обвинети за тероризам Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници. Ова е прв случај обвинети за тероризам да се бранат на слобода.

Кон средината на јануари, претседателот на ДУИ, Али Ахмети во гостување на Алсат телевизија зборувајќи за реализацијата на Тиранската платформа, која тој ја ословува како договор, рече дека дел од договорот се и случаите „Монструм“ и „Диво Насеље“, за кои како што рече Ахмети, треба да се бара истрага.

Зборувајќи за Тиранската платформа и нејзината реализација, Ахмети рече:

– Во тој договор е Законот за албански јазик, во тој договор е дека треба да се бара истрага или меѓународен мониторинг за некои случаи како случајот “Монструм“, Кумановскиот случај. Секогаш ги имаме повторувано, цело време, случајот Бродец. И тие веќе се во фаза на реализација. И тие случаи, секако има случаеви кои вие не ги слушате. И изјавата од премиерот на земјава, дека ние се согласуваме и се договоривме да се направи мониторинг и да се расветли вистината за сите овие сомнителни случаи. И случајот на македонскиот новинар. Така што, како пакет, тој договор веќе се спроведува како ветување кои го дадовме на албанскиот електорат, изјави Ахмети.

Со оваа изјава Ахмети практично јасно откри дека дел од политички договор за формирање на владата е одлуката на Врховен за повторување на судењето за „Монструм“, од 24.11.2017 година.

Овие негови тогашни тврдења, сега с епокажуваат како точни. Медиумите тогаш пишуваа дека тоа би значело дека некој од власта со влијанието врз судот случајот „Монструм“ да биде вратен на повторно судење директно го прекршил чл.98 од Уставот на Република Македонија.

Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот. Организацијата на судството е единствена. Забранети се вонредни судови, стои во членот на Уставот.

Коментирај