СПЦ изненадена од одлуката на бугарската Црква да ја претставува МПЦ

0
503

Одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ), која вчера објави дека прифати да ја  застапува Македонската православна црква (МПЦ) пред другите цркви за да го утврди својот канонски статус, ги возбуди црковните кругови во Белград, пишува белградска „Политика“.

За СПЦ Православната Охридската архиепископија(ПОА) на Јован Вранишковски, е единствена законска канонска црква на територијата на Македонија.

Синодот на бугарската црква, соопшти дека БПЦ „го презема својот долг“, но сепак не е наведено дека ја признава МПЦ како „воја ќерка”, како што беше побарано од МПЦ побара на почетокот на ноември.

Од Српската православна црква се надеваат дека бугарскиот Синот ќе го почитува канонскиот поредок на православната црква.

Бугарскиот патријарх и митрополитите вчера претпладне на седницата вчера го разгледаа писмото на МПЦ-Охридска Архиепископија да биде призната како автокефална црква а БПЦ  да ѝ биде „црква-мајка“.

Извор: Еxpres.mk

Коментирај