Спречено криумчарење на Библија стара 1.200 години

0
366

Канцеларијата на гувернерот на турскиот град Дијарбакира издаде соопштение дека локалната полиција врз основа на анонимна дојава спречила продажба на древен библиски ракопис.

Тим за борба против криумчарење на 4 февруари ја запленил Библијата за која се вели дека има само 34 страници, со златна интарзија на кожата и се проценува дека е стара 1.200 години.

Шест осомничени лица се приведени поради учество во оваа трговија, се наведува во соопштението на гувернерот.

Дијарбакир се наоѓа во близина на границата со Сирија и не е познато дали Библијата била криумчарена од воената разорена земја, но се знае дека Турција станала примарна дестинација за антиквитети од Сирија.

Властите објавиле и список на експонати за кои се верува дека се украдени од Сирија, за кој се запознаени царинските службеници, но и колекционерите.

Илјадници операции против криумчарењето се спроведуваат ширум Турција секоја година за да се спречи илегалната продажба на културно – историско богатство и да се заштити наследството на земјата.

Коментирај