Споредувањето со другите е убиец на среќата

0
281

Матје Рикар е тибетански будистички монах, кој, според истражувањата, е најсреќниот човек на светот.

Оваа „титула“ му ја доделиле научниците од Универзитетот во Висконсин по 12-годишна студија во која го скенирале мозокот на луѓето додека медитирале. Според нив, кај 70-годишниот Рикар, скенирањата покажале дека деловите од неговиот мозок задолжени за свест, внимание, учење и помнење во моментот кога се спомнувала сочувствителноста, произведувале ниво на гама бранови што до сега не се забележани во научната литература.

Ама, во интервју за списанието GQ, Рикар открил нешто многу важно поврзано со среќата:

„Споредувањето со другите е многу штетно. Споредувањето е убиец на среќата!“
Извор: www.hybread.mk 

Коментирај