Споредба со факти: Глигоров 1992 – Иванов 2017, одлуката на актуелниот претседател не е ниту кршење на Уставот, ниту преседан, ниту самоволие

0
991

Одлуката на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, по консултациите со сите партии, мандатот за состав на нова влада да и го додели на партијата, односно коалицијата која ќе докаже дека може да обезбеди мнозинство во Собранието – не е ниту кршење на Уставот, ниту преседан, ниту самоволие.

Имено, според Уставот, шефот на државата го доделува мандатот на оној од кој ќе добие писмено известување дека има обезбедено мнозинство во Собранието. Такво нешто од страната на втората партија, односно коалицијата предводена од СДСМ, според бројот на гласови, досега до Иванов не е испратено. Заев единствено на прес-конференција го повика претседателот да му го довери мандатот нему, но доказ дека може да обезбеди мнозинство се` уште не е доставен.

Оттука обвинувањата на опозицијата дека Иванов го прекршил членот 90 од Уставот се неосновани. Со други зборови, Иванов постапува идентично како и Глигоров во 1992 година, односно одлучува мандатот да ~ го довери на партијата или коалицијата која ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието.

fakti

fakti-1

Дека не станува збор за преседан доволно зборува речиси истата ситуација во која се најде шефот на државата во 1992 година Kиро Глигоров. Тогаш претседателот, по неуспехот на Љубчо Георгиевски да формира влада како победник на изборите, мандатот му го доделува на тогашната СKМ- ПДП – како второпласирана според бројот на пратеничките мандати, ама откако таа како доказ претходно приложува дека има обезбедено мнозинството во Собранието. Потоа коалицијата предводена од СKМ-ПДП го предлага за мандатар Петар Гошев, кој не успева да состави влада, и за ова го информира писмено Глигоров, кој повторно го враќа мандатот на СKМ-ПДП.

ошев во интервју пред неколку дена нагласи дека мандатот го вратил веднаш штом му бил доделен од страна на Глигоров, порачувајќи дека Иванов треба да му даде шанса на СДСМ да ја формира владата. Но според архивираните документи во претседателската канцеларија, излегува дека изјавата на Гошев е неточна, односно тој го известил Глигоров дека не може да направи влада дури по истекот на 20-те дена рок во кој се консултирал за да обезбеди мнозинство, но неуспешно.

– Заклучно со денешниот ден, дваесет дена водев интензивни преговори и консултации за да го обезбедам соодветниот состав на владата – состав што ќе може да одговори на тежината на задачата што ја носи таа функција (тој орган), особено во овие тешки и би рекол судбински денови за Републиката. За жал, работите почнаа да се одвиваат поинаку од почетната согласност и поддршка, се вели во писменото известување доставено кај Глигоров на 6 август 1992 година.

Откако по ова Глигоров го враќа мандатот кај СKМ-ПДП – ова собраниско мнозинство го одредува Бранко Црвенковски за нов мандатар. ВМРО-ДПМНЕ тогаш на чело со Георгиевски поднесува иницијатива пред Уставниот суд со тврдење дека Глигоров го прекршил членот 90 од Уставот (односно членот 84 во стариот Устав) со тоа што го доверил мандатот на Црвенковски (како кандидат од иста партија, од која претходниот мандатар го вратил мандатот). Но Уставниот суд се произнел со решение дека нема прекршување на Уставот.

 

Коментирај