Според крвната група, дознајте дали сте интелигентни, духовити или депресивни?

0
395

Уште од седумдесетите години на претходниот век, Јапонците тврдат дека крвната група има големо влијание на нашата личност.

Што открива вашата крвна група за вас?

А

Овие луѓе се одлични пријатели. Тие ги ставаат туѓите потреби пред своите и секогаш се подготвени да понудат помош. Меѓутоа, иако често се занимаваат со туѓите проблеми и чувства, своите ги кријат, па често страдаат од депресија и анксиосност. Во однос на нивната кариера, тие се одлични како адвокати, библиотекари и издавачи, сметководители, економисти и писатели. Во љубовта највеќе си одговараат со луѓе родени со крвната група А и АБ.

АБ

Оваа крвна група е најретка, а нејзините носители се најдуховитите личности кои ќе ги запознаете. Тие се рационални и одлични организатори. Во итни ситуации најбрзо и најдобро реагираат. Во однос на кариерата, тие се одлични како портпароли, наставници и менаџери. Во љубовта се снаоѓаат со сите крвни групи.

0

Оваа крвна група е најчеста, но и најстара од останатите. Оние кои ја имаат, тежнеат кон авантура и чувство на моќ и своите цели и желби секогаш ги ставаат пред другите, дури и пред оние кои ги сакаат.

Во однос на кариерата, тие се одлични политичари и сметководители.

Коментирај