Специјална комисија ќе прави ревизија на сомнителните вработувања

0
333

Агенцијата за администрација наскоро ќе воведе специјална комисија за ревизија на било која постапка за вработување за која постои сомневање, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

–Во комисијата ќе имаат право да учествуваат претставници на опозицијата и на владејачките партии, како и надворешни луѓе кои ќе бидат дополнителен механизам за контрола на ваквите ситуации.–рече Манчевски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека нема точна бројка колку од случаите кои од јавноста беа оценети како непотизам при вработувањето се повлекле од своите работните места и додаде дека се очекуваат и резултатите од постапката што ја спроведува Државната комисија за спречување на корупција.

– Процесот е во тек и секој ден ќе се зголемува бројот на лицата кои се повлекуваат.–рече Манчевски.

Прашан до каде е процесот на прераспределување на вработените по Рамковен договор кои седат дома и земаат плата, Манчевски рече дека постапките за прераспределба се ставени во мирување од 8 февруари кога беа распишани претседателските избори.

–До 8 февруари кога падна забраната процесот се одвиваше со одредена динамика, а ќе продолжи веднаш откако ќе завршат претседателските избори.– рече Манчевски и додаде дека се забранети и останатите избори и именувања се додека Државната изборна комисија не ги објави официјалните резултати од претседателските избори.

Извор:lider.mk

Коментирај