Спектакл на македонски начин во Австралија: Фудбал со ќебапи и пиво насекаде, па дури во стуиото на „Фокс Спорт“! (видео)

0
735

Македонскиот клуб Рокдејл Илинден во последните денови е вистински хит во Австралија.

Имено, овој тим на домашен терен играше против Сиднеј, кој важи за еден од најсилните клубови во оваа земја, но она што го привлече вниманието на јавноста е начинот на кој македонскиот клуб го организираше натпреварот.

На нивниот стадион кој го носи името „Илинден“ се пиеше „Златен даб“ и се јадеа македонски ќебапи интересно е што прилика да го вкусат македонскиот ќебап имаа и оние кои вршеа директен пренос на натпреварот, односно во студиото на „Фокс Спорт“.

Извор: taratur.mk

Коментирај