СПЕКТАКЛ: Мекгрегор се враќа – договорена најспектакуларната борба во УФЦ! (видео)

0
196

После скоро две години Конор Мекгрегор се враќа во УФЦ!

Конечно е договорена борба помеѓу него и Кхабиб Нурмагомедов.

Една од најисчекуваните борби ќе се одржи на 6 oктомоври во Арената во Лас Вегас.

Дека борбата е договорена објави Ден Вајт на конференцијата во Лас Вегас. Сите фанови на боречките спортови се надеваа дека Вајт ќе ја објави оваа вест во Лас Вегас, но останаа разочарани кога Кхабиб и Конор не се појавија со првиот човек на УФЦ. Вајт на почетокот зборуваше дека се работи на борбата и продолжи да зборува за другите активности, а дури на крајот порача дека мора да им покаже едно видео. Тоа предизвика вистинско воодушевување.

„Кралот се врати“, така УФЦ го најави враќањето и веројатно неговиот најтежок испит во кариерата. Очекувањата се ова да биде најпродаваната борба во УФЦ.

Извор:таратур

Коментирај