Советничката група на ВМРО ДПМНЕ до Шилегов: Среќата на скопјани нема цена, но твојата има, 100 илјади евра за една вечер

0
280

Среќата на скопјани нема цена, ама очигледнo Вашата има, и таа е 100 илјади евра за една вечер, му порача на фејсбук советничка група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата на Град Скопје, откако беше објавено дека Дино Мерлин, босанскиот пејач кој ќе пее на плоштад „Македонија“ за Нова Година ќе добие 100 илјади евра за настапот.

А ако се мери во месеци, таа е отприлика 12 милиони евра колку што ја продадовте Градската куќа (несметано, но веројатно надополнето за авантата во 4 очи). Оттука пред да продолжите со цената на насмевките, добро е да кажете кои се спонзорите кои даваат 100 илјади евра, и колку тие спонзори имаат бенефит од владата во други бизниси. И за на крај, грешите, кога Ви велат дека лош Ви е ПР-от, не се фалите доволно, ве лажат, не е до ПР-от, до вас е, не работите. И колку да не остане заборавено, скопјани во едно ќе Ве послушаат, “никад нема да гласаат” за вас, пишуваат од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Коментирај