Совети за здрава машка кожа на лицето

0
726

Мажите, исто како жените треба да се грижат за својата кожа во зима.
Понекогаш нивните потреби се дури и многу посериозни од женските поради постојаното бричење кое е едно од најчестите причини за иритации на кожата.
Еве неколку совети за правилна грижа за машката кожа во зима.
1. Користете производи за чистење на лицето
Многу мажи го чистат своето лице само со сапун и вода. Овој „ритуал“ доведува до сушење на кожата, особено во зимските денови. Инвестирајте во квалитетен производ за чистење на лицето, кој ќе ги спречи проблемите и иритациите кои можат да се појават.
2. Користете крем
Многу е важно да користите крем за лице во зима непосредно откако сте го исчистиле и сте го измиле лицето. Ова ќе го задржи нивото на хидратација, а сувата и непријатна кожа ќе остане во минатото.
3. Купувајте само висококвалитетни бричеви
Одберете брич кој ќе ви одговара на типот на вашата кожа. Повеќето мажи се бричат барем секој втор ден, па затоа многу е важно да се користи алатка која ќе биде нежна кон нивната кожа. Може да се бричете и со апаратче, ако мислите дека така си нанесувате помалку штета и се чувствувате подобро.
4. Козметички масла
Козметичката индустрија нуди огромна палета на разновидни производи за мажите. Одберете ги оние кои содржат повеќе природни состојки и најмногу фокусирајте се на маслата за лице. Тие се природен лек против чувствителната кожа и тешкото бричење на тврдите влакна по лицето.

Коментирај