Совет од психолозите кој мора да го прочитате: Како да ја заборавите бившата љубов?

0
521

По раскинување, нормално е се уште да бидете вљубени во вашиот поранешен партнер. Потребно е време да ја преболите личност која се уште ја сакате и да продолжите понатаму со нова. Но, светски познатите психолози ја откриваат техниката што ќе ви помогне како да го заборавите оној кој ви го скршил срцето.

Откако ќе ја раскинете врската, секогаш ќе има нешто што ќе ве потсетува на вашиот поранешен партнер. Можеби ќе станува збор за место, храна, па дури и период од денот или годината. Бившите се дел од вашиот живот, така што нормално е да постојат работи што ќе ве потсетуваат на нив. Тоа значи дека мора да ги уништите врските кои постојат меѓу овие места, храна и периоди со сеќавањата за вашиот поранешен партнер.

На пример, ако постојано сте оделе во некој ресторан заедно, по раскинувањето ќе ви биде тешко повторно да одите таму, бидејќи насекаде ќе ја гледате саканата личност. Наместо да бегате од ресторанот, мислете на добрата храна и пријатната атмосфера што ги нуди, па појдете со пријателите таму и стекнете нови сеќавања.

Правете ја оваа вежба редовно и со текот на времето болните чувства поврзани со тоа место ќе се намалат и ќе бидат заменети со позитивни. Прифатете ја болката и дозволете си да бидете тажни некое време. Но, некогаш ќе мора да продолжите понатаму. Ќе видите дека по краток период, љубовта што сте ја чувствувале за вашиот поранешен партнер ќе биде само едно далечно сеќавање.

Извор:kurir.mk

Коментирај