Сотир Костов: Од кои причини, за кои цели и пред кого се менувала изјава на обвинет?

0
1607

Погодувате, станува збор за обвинителката Вилма Русковска. Да ве потсетам почитувани мои Македонци: Уште на 22 јуни годинава, кога ја објавив колумната насловена „Светски судски срам (Срамен гинисов светски рекорд на Кацарска од 1055 страни)“, ви ветив дека малку ќе истражувам во врска со срамниот предмет против македонските патриоти, уметници и други, популарно наречен „Настаните од 27 април“. Тоа и го направив, како претседател на Комитетот за заштита на дигнитетот на неправедно приведените, обвинетите и осудените за настаните од 27 април, во Собранието на Република Македонија. Во врска со самиот настан и од поодамна имавме прибрано интересни информации, но овој пат прибиравме информации за самото судење, за тоа како се одвивало, однесувњето на обвинителката, судот, сослушувањето на сведоците, изведувањето на другите докази, третманот на обвинетите, сведоците и бранителите и сл. Морам да ви кажам дека присобравме голем број на информации, кои се уште ги распоредуваме по обласи, важност и значење, и  ги анализираме.

Бидејќи овој период многу актуелна е аферата „Рекет“ и истрагата што се води за овој предмет, некако само од себе се наметна споредбата на овие два случаи: Рекет и настаните од 27 април. Зачудувачки, ама вистинито, тие имаат многу слични и заеднички карактеристики. Како во поглед на инволвираните актери(обвинители, судии, обвинети, сведоци), така и по начинот како се води истрагата, но и на кој начин и се сервираат на јавноста информации за аферата. Но, за тоа ќе пишуваме во друга прилика.

Денес, за почеток, пред да почнеме со објавување на информации, јавно ќе поставиме неколку прашања до обвинителите Јовески и Русковска.

Дали е точно дека обвинетиот Александар Василевски – Нинџа против негова воља бил натеран да ја промени првобитната негова изјава во врска со настаните од 27 април?

Точно ли е дека во тоа неволно давање на повторна изјава, од страна на Александар Василевски – Нинџа, учествувале трети лица – странски државјани, кои времено престојувале во Република Македонија?

Вистина ли е дека тие лица му сугерирале на Александар Василевски – Нинџа, кои имиња, што ги спомнал во првата изјава, во втората изјава да ги изостави, а кои да ги додаде како нови?

Почитувани обвинители: Минатата година ви поставивме прашање дали обвинителката Вилма Русковска е учесник во шарената револуција. Вие шест месеци молчевте, и од кога истата, Вилма Русковска, беше избрана за раководител на Јавното обвинителство за организиран криминал, таа во нејзин настап на 1ТВ (теливизијата на Боки Тредичи) призна дека е учесник во шарената револуција.

Се надеваме дека овој пат ќе покажете поголемо разбирање за јавниот интерес и нема да чекате толку долго за одговор.

Во очекување на вашите одговори, срдечно ве поздаруваме.

Комитет за заштита на дигнитетот на неправедно притворените, обвинетите и осудените за настаните од 27 април (Пишува: Сотир Костов)

Коментирај