Сорос Јуниор задоволен: Поминав одлично време со Заев

0
311

Синот на Џорџ Сорос, Александер, на Твитер објави фотографија од средбата со македонскиот премиер Зоран Заев.

Одлично потрошено време со премиерот Зоран Заев, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите северномакедонски граѓани, пишува Сорос јуниор на Твитер.

Пред средбата со Заев, тој се видел и со македонскиот претсеадтел Пендаровски, од каде пак стигнал од Албанија каде остварил средба и со Еди Рама, чија фотелја одамна е разнишана.

Коментирај