Сопругот ја оставил на улица со два куфера и бебето: Српската пејачка преживеала вистински пекол, а синот го носела на психијатар

0
1173

Животната приказна на пејачката Селма Бајрами никого нема да остави рамнодушен.

Иако таа преживеала вистински пекол, таа во јавноста секогаш била насмеана и позитивна личност подготвена за шега во секое време.

Нејзината љубовна приказна започнала пред шест години кога го запознала таткото на нејзиното дете.

selma

Љубовната искра брзо се распалила и за среќа не било крај кога пејачката дознала дека е бремена.

-Набрзо по венчавката мислев дека среќата е на моја страна, но брзо сфативме со мојот сопруг дека не сме еден за друг, па за нашиот син да може да порасне во семејство без кавги ние одлучивме да се разведеме. Одлуката беше лесно донесена, па останав со двегодишното дете и два куфера пред вратата на улица, вели Селма.

Во тој момент пејачката била потполно сама не знаела германски јазик, а била и пред финансиски крах бидејќи не работела, набрзо запишала курс и почнала да работи.

-Поминав низ агонија, Дарис беше мал, но осети дека нешто се случува и се повлече во себе и тешко говореше, па морав да го однесам на психолог, а за среќа се покажа дека има бариера поради тешкото говорење на двата јазика, раскажува за српските медиуми Бајрами.

Извор:kurir.mk

Коментирај