Сопругата на славниот фудбалер боледува од рак, а неговиот потег го поздравија сите

0
1294

Фудбалерот Раџа Наинголан неодамна потпиша договор со Каљари, но зад неговото враќање во овој клуб се крие тажна приказна.

Неговата сопруга Клаудија неодамна дознала дека боледува од рак, но решила процесот на хемотерапија да го помине токму во Сардинија, од каде потекнува и каде и е семејството.

За да не биде одвоен од сопругата во тешките моменти, Наинголан потпиша со Каљари, а интересно е што парот својата љубовна приказна ја започнал токму тука.

Парот се запознал во 2011 година, а една година подоцна се заколнале на вечна љубов. Клаудија и Раџа ја имаат ќерката Ајша, а фудбалерот од првиот брак има две деца.

Клаудија неодамна на Инстаграм јавно проговори за својата болест, а во емотивната објава им се заблагодари на сите за поддршката и позитивната енергија.

-Помина еден месец откако се разбудив едно утро со надеж дека се’ е само кошмар. Но, оттогаш се будам секој ден и сфаќам дека живеам во тој кошмар. Од денес почнувам ново поглавје во животот – хемотерапија. Кој би рекол дека Клаудија ќе има страв од новиот ден. Што да кажам, по морето пролеани солзи, време е да се бориме против ѕверот. Им се заблагодарувам од се срце на своето семејство и пријателите кои ми помогнаа на најдобар начин да ги уживам во овој месец на опуштање, давајќи ми сила и позитивна енергија кои ми помогнаа да се соочам со ова. Среќно на сите кои минуваат низ слична драма. Никогаш не ја губете својата насмевка, напиша таа.

Извор: kurir.mk

Коментирај