Сонот игра неверојатна улога во мисијата за здрав имунолошки систем

0
249

Научна студија покажа дека луѓето кои спијат пет или помалку часа во текот на едно деноноќие имаат 17 отсто поголеми шанси да настинат и цели 51% да добијат некаква инфекција.

Сонот игра неверојатна улога во мисијата за здрав имунолошки систем“ – вели авторот на студијата, др. Арик Потер, од Универзитетот во Калифорнија.

Истражувањето е спроведено во тек на осум години на 22 726 возрасни лица.

И поранешни студии на оваа тема имаат покажано дека недостатокот од сон е поврзан со можноста за заболување од настинки, но оваа студија открива дека колку помалку спиеме, толку повеќе имаме шанса да се здобиеме со некоја инфекција. Сонот всушност го подготвува нашето тело за борба против различните видови на вируси.

Коментирај