СОНК попушти пред власта: Наместо 25% покачување, остануваат 10-те понудени од Владата

0
138

Десет проценти зголемување на платите за просветните работници од први јануари е договорот што го постигнаа Министерството за образование и СОНК.

Одлуката штотуку ја објави министерот за образование и наука, Арбер Адеми.

Оваа средба создаде историски момент. Одлучивме да ги покачиме платите за 10 отсто од 1 јануари, 2020 година. Ова важи за сите вработени во основно, средно и високо образование. Со оваа одлука се враќа дигнитетот на наставничката професија. Јас сум горд. Интензивно се преговараше, се консултиравме и во следниот период ќе продолжиме со подобрување на статусот на сите вработени во образованието“, истакна Адеми по денешната средба со претставниците од СОНК.

Извор: република.мк

Коментирај