Солеин – брашно добиено „од воздух“ кое може да нахрани милијарди луѓе

0
87

Финската компанија „Solar Food“ (,,Соларна храна”) планира на пазарот да лансира нов вид протеинско брашно наречено Солеин.

Солеин брашното е добиено од јаглерод диоксид, вода и електрична енергија добиена од сончеви панели. Станува збор за високо протеинска материја , што личи како брашно и содржи 50 проценти белковини , 5-10 проценти масти и 20-25 проценти јаглеродни хидрати.

Има изглед и вкус како пченичното брашно, а по промоцијата во 2021 би можело да стане една од главните прехрамбени производи.

Според компанијата Solar Foods, ваквото производство не зависи од земјоделското и на него нема влијание земјиштето, климатските услови или количеството на врнежи.

Компанијата соработува со Европската вселенска агенција (ЕСА) на развој на храна што би се проиведувала надвор од нашата планета, а самата идеја за Солеин доаѓа од НАСА. Освен што е храна за прехрана на голем број луѓе , Солеин е совршена за вселенските патувања.

Резервоарот за производство на оваа храна е во форма на мал апарат што може да се користи за производство на храна во вселената.

Извор: taratur.mk

Коментирај