Сода бикарбона – состојката што прави чуда за организмот

0
312

Содата бикарбона одамна се смета за лековита супстанција, ама луѓето во еден момент ѝ припишале и чудотворни моќи. Таа не е семоќна, ама е лек.

Иако за неа велат дека е медицинско чудо што лекува рак, тоа не е точно. Таа не е семоќна, но помага кога имате различни здравствени проблеми. Ова е листата на тегоби кои можете да ги намалите ако во една шолја вода растворите една лажичка сода бикарбона, ако ја користите како топла облога или за прочистување на организмот.

Доколку чувствувате киселина во стомакот или ако сакате побрзо да ја сварите храната, тогаш напијте се половина чашка вода со половина лажичка сода бикарбона, бидејќи натриум бикарбонатот е ефикасен како киселина и како ензим. Пијте го овој напиток во текот на денот на два-три часа. Притоа, сода бикарбона помага и при:

Намалување на гасовите предизвикани од мешункастата храна
Ги намалува иритациите предизвикани од допир на медуза или коприва
Ги намалува чешањето и иритацијата предизвикани од сипаници
Ја намалува болката во крајниците
Помага со габички во устата
Го одзатнува затнатиот нос
Ги ублажува изгорениците на јазикот
Ја намалува болката во зглобовите
Ги лекува раничките во устата

Истовремено сода бикарбоната се користи и за стоматолошки проблеми, а одлична е и за отстранување дамки од забите, го намалува забниот камен и денталниот плак, при гингивитис и запаление на непцата. Ако, пак, сакате да ги избелите забите, во сад ставете 1/4 шолја соса бикарбона и сок од половина лимон. Смесата со четката нанесете ја на забите и оставете ја да делува три минути (никако подолго). Измијте ја со паста за заби. Постапката можете да ја повторите еднаш неделно.

 

Коментирај