Со јапонски метод до поубави веѓи

0
1533

Погледнете како со една јапонска метода може да имате совршени веѓи секој ден!

Што е микроблејдинг?
Јапонски метод за обликување на веѓите. Микроблејдингот добива се поголема популарност во цела Европа. Со помош на овој метод се постигнуваат неверојатни резултати – веѓите изгледаат сосема природни.

За кого е наменет микроблејдингот?
Ако имате ретки веѓи, или не ви се допаѓа формата која што ја имате, време е за микроблејдинг. Погоден е и за мрсна или многу сува кожа ако имате испукани капилари, акни итн.

Што претставува микроблејдингот?
Како метода представува варијанта на поранешната трајна шминка на веѓи со таа разлика што тука не се работи со машинка туку со специјално мало ноже со кое се исцртуваат цртички со различен облик и дебелина кои ги имитираат веќе постоечките влакненца.Третманот трае 1-1,5 час, а самите веѓи ако добро се грижите за нив 1,5-2 години.После третманот најчесто е потребна корекција која е само мало дополнување до идеалниот облик.За да траат уште подолго најдобро е еднаш годишно освежување на бојата.

Коментирај