Со домати до убава кожа!

0
650

Доматите по потекло се од Централна, Јужна и од јужните краеви на Северна Америка – од Мексико до Перу. За прв пат ги опишал лекарот и ботаничар Матиоли во 1554 година. Поимот „домат“ е изведен од ацтечкиот збор томатотл, навлезен преку неговиот хиспанизиран облик tomate.

Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува свеж, конзервиран, како сок, прелив (кечап – доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

Тие се корисни за целиот наш организам и се идеални за појадок, ручек и вечера, но се чини дека имаат едно дефинитивно чудесно својство чија корист можеме да ја извлечеме прилично лесно.

Доматите помагаат во справувањето со досадните мозолчиња по кожата на лицето и дури можат и да ја подобрат вашата состојба, ако имате акни!

Се што треба да направите за да ја добиете целата корист од доматите за кожата на лицето е да исече еден домат на тркалца и да го исчистите лицето темелно со нив. На крај исплакнете со ладна вода! Разликата нема да остане незабележана.

Коментирај