СНАА ОД ПЕКОЛОТ: Го обвинила свекорот за силување, а истрагата открила дека таа е осомничена

0
766

Д.Ј. (21), готвачка и слаткарка од Риека, и нејзиното момче М.С. (32), повеќепати осудуван келнер, со своите лаги ги прешле истражителите, т.е. М.С. ја наговорил девојката да ги пријави татко му  и шурата дека повеќепати ја силувале и тоа речиси половина година. Истрагата ги довела истражителите до сознанеи дека пријавата е лажна, па наместо жртва, девојката станала осомничена.

Според обвинението, М.С., во состојба на тешко психичко растројство, ја наговорил девојка си, која живеела со него и со неговите родители, да му се советат на татко му. Д.Ј., исто така, во состојба на душевно растројство, не можела да го сфати значењето на своето делување, ниту да управува со своите постапки и влегла во полициска станица и го сторила тоа што ѝ било речено.

Д.Ј. пријавила дека шурата ја мразел, зборувал лошо за неа, а ја силувал во автомобил повеќе од 20 пати. Свекорот, пак, ја силувал пет пати. Таа изнела гнасни детали и подробно ги опишала средбите со свекорот.

-Околу Божиќ почнавме да живееме заедно. Шурата на дечко ми доаѓаше и на свекор ми и свекрва ми им зборуваше лошо за мене, дека сум ороспија и дека смрдам. Така ме замразија. Сакав да си одам, но М.С. не ми дозволи. Му признав дека шурата и татко му ме силуваа. Му ја покажав перницата по сексот со татко му, на која сврши стариот. Го викнавме татко му на разговор, кој рече слободно да одам да го пријавам во полиција. Му реков дека татко му ме силувал 5 пати, а шурата 21, но М.С. забележа дека тоа не е вистина, но сеедно, ме наговори лажно да ги пријавам, зашто и тој исто ги мразеше и така заедно ја измисливме приказната за во полиција. Ја пребараа куќата, ми одземаа гаќички и ја земаа перницата. Брзо сфатија дека пријавата е лажна, раскажува девојката, снаата од пеколот. За да ги убедат полицајците, М.С. сведочел дека некогаш ноќе слушал чекори во дворот и заклучување на врата, а еднаш дури и ја видел девојка си со модринки и расцепена усна.

Психолог утврдил дека девојката е интелектуално послабо развиена, сопореметување на личноста и е пасивно зависна и сугестибилна во емотивниот однос со лице со психички проблеми.

-Син ми ја доведе девојката, живееја во нашата куќа на горниот кат. Не беа вработени, не работеа, а бога ми и не помагаа по дома. По цел ден седеа во соба и играа онлајн покер и други игри. Јас и жена ми цело време им префрлавме, ако не почнат да работат, да си заминат. Многу беа неуредни и се каравме, но не сум ја навредувал. Кофа син ми се разведе од првата жена, донел дома 4-5 девојки и сите живееле со нас. Седев во дворот со внука ми кога дојде жена ми да ми каже дека сум обвинет за силување. Додека беше во брак, исто така, ме обвинуваше дека се швалерисувам со снаата. Никако не сум можел да силувам некого, зашто имам здравствени проблеми и не можам да постигнам потенција.

Исто толку непројатно му било и на таткото на девојката, кој веќе некое време нема доверба во ќерката.С

Коментирај