СМРТОНОСНА ОПАСНОСТ: Ако ги забележите овие симптоми, веднаш повикајте брза помош

0
432

Ако случајно имате некој од овие симптоми многу е веројатно да се работи за мозочен удар.

Ако ви се лоши и не можете да рзберете што ви се случува, дали е тоа умор или парализа?! Ако не можете да се насмеете и да изговорите проста реченица, да го исплазите јазикот или да подигнете раце, тогаш веднаш повикајте брза помош, зошто можно е да сте доживеале мозочен удар.

Можно е да видите некој да се онесвести, но после кратко, да се освести и да одбие да повика брза помош, еве на кои симптоми да обрнете внимание за да знаете дали се работи за мозочен удар.

Треба да проверите најпрвин дали лицето може да се насмее, и да каже некоја реченица. Ако не е во состојба да го направи тоа, тогаш значи дека мозокот не функционира добро и дека можно е да се работи за удар.

Друга работа која треба да ја направите е да ја замолите личноста да ги крене рацете, личноста која нема друг проблем лесно би можела да го направи тоа, и да обрнете внимание како разговара и дали му се плетка јазикот или говори чисто.

Ако има некој од овие симптоми тогаш веднаш повикајте брза помош, без разлика на годините.

Во последно време мозочен удар многу често доживуваат помладите.

Еве уште неколку работи на кои треба да внимавате:

– Вкочанетост на една половина од лицето или телото
– Вкочанет врат
– Парализа
– Нарушување на говорот
– Непослушни прсти
– Ненадејно заматен вид
– Нестабилно одењето и лоша координација на движењата
– Ненадејна и неподнослива главоболки
– Гадење и повраќање во млаз

Коментирај