Смрт и хорор: Дури 35 бебиња починале на Гинекологија за 3 месеци, а Заев и Филипче без никаква одговорност

0
2381

Нов скандал ја тресе клиниката за Гинекологија во Скопје откако денеска „Фокус“ објави скандалозно истражување.

Дури 35 новороденчиња починале за само три месеци или подетално оваа фрапантна бројка за Јануари, февруари и март ги уплаши и родителите и вработените.

Додека Гинекологија ја тресат црни бројки за само три месеци од почетокот на годината, Заев и Филипче не преземаат никаква одговорност, иако министерот пред два месеци во Владата ветуваше дека ќе преземе мерки за намалување на смртноста на новороденчињата.

Заев стави семејна пријателка за директор на Клиниката каде умреа бебињата

Со клиниката во која умреа повеќе бебиња во кус период раководи пријателка на семејството Заеви.

Министерот Таравари подлегна под притисок на премиерот Заев и одлучи блиската пријателка на Зорица Заева, Викторија Јовановска, да застане на чело на Клиниката за гинекологија и акушетство во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

-Иако смената на директорската позиција на Гинеколошко акушерската клиника беше најавувана уште пред повеќе од еден месец, Клиниката долго остана без нов директор, а причина за одолговлекувањето, како што тврдат извори на „Република“, е токму инсистирањето на кланот Заеви на позицијата да биде поставена д-р Викторија Јовановска, која е блиска пријателка на сопругата на Зоран Заев, пишуваше Република.

Министерот Филипче со скандалозна изјава: Мајките се виновни за смртноста на новороденчињата!

Министерот за здравство во Владата на СДСМ и Зоран Заев, Венко Филипе денеска излезе со скандалозна изјава во кој ги обвини мајките дека тие во најголема мера биле виновни за смртноста на новороденчињата.

-Кога станува збор пак, за смртноста на новороденчињата, сакам да потенцирам дека таа во голема мера е последица на несоодветната грижа на мајката за своето здравје додека е бремена. Имено, сите податоци укажуваат на фактот дека најголем процент од починатите бебиња се родени предвреме. Малата родилна тежина, но и екстремна незрелост на виталните органи – белите дробови, црниот дроб и нервниот систем, доведуваат до фатален исход, рече Филипче.

Тој нагласи дека предвременото породување, од друга страна, е последица на инфекции кај мајката во уринарниот тракт или на репродуктивните органи.

-Затоа апелирам до идните мајки да бидат поодговорни и редовно и без исклучок да одат на гинеколошки прегледи, рече тој.

ФОТО: Дали е ова средба на Шекеринска, Филипче и директорката на хематологија Ирина Ставридис Пановска и дали темата се тендерите во здравството?

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои граѓаните се прашуваат дали на нив се новиот министер за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и директорката на хематологија Ирина Ставридис-Пановска.

Се поставува и прашањето што била темата на разговорот? Дали можеби тема на разговорот била поделбата на тендерите во здравството?

Инаку, МКД.мк пишува дека овој потег на Владата предизвика лавина од негативни реакции. Не поради неговата стручност и квалификации, туку поради неговата претходна активност и семејни врски кои отвораат сериозни дилеми за можен конфликт на интереси. Се објавија бројни информации кои навистина покажуваат една поинаква заднина на ова најново кадровско решение на Заев.  МКД во текстот продолжува дека Филипче во периодот додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беше член и на Професорскиот контра пленум. Прашан денес зошто тоа го сторил, Филипче изјави дека бил доведен во забуна од негов специјализант кој му кажал дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет. Филипче беше учесник и на лекарските контра протести кои беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како контра мерка на лекарите кои ги бараа своите права.

Освен овие негови активности, по социјалните мрежи се објавија неколку податоци за негови блиски луѓе на функции. Ако тоа се оствари, ако Филипче стане министер за здравство, тоа ќе го отвори прашањето за сериозен конфликт на интереси со неколку негови најблиски луѓе.

Горе веќе напишавме за фотографијата на која според многу се Шекеринска, Филипче и девојката на новиот министер Ирина Ставридис Пановски, која е директорка на хематологија. Сега се поставува прашањето дали компанијата „Пановски“ ќе добие уште повеќе тендери, ако се знае дека таа со години е еден од најсериозните снабдувачи со лекови во македонското здравство, а особено на државните клиники со цитостатици.

Инаку се отвора и прашањето дали здравството ќе стане семејно-пријателска фирма, ако се знае на раководна позиција на Клиниката за онкологија е Снежана Смичковска, сопругата на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата „Пановски“. Советник на директорот на Фондот за здравство сега е Марија Гулева, блиска пријателка на Ирена Пановска и порано вработена во „Пановски“.

Извор: Курир.мк

Коментирај