Смоквите го регулираат нивото на шеќер и холестерол во крвта

0
738

Смоквите потекнуваат од Арабија и растат во топли области. Иако се смета за овошје, смоквата всушност е превртен затворен цвет, а семето го содржи плодот. Без разлика дали е цвет или овошје, смоквата е богата со хранливи состојки, и може да ви помогне да се исполнат некои од основните хранливи потреби.

Свежиот плод содржи до 80% вода, 15% овошен шеќер, пектин и органски киселини. Од минералите во 100 г смокви доминира калиум (270 мг), потоа калциум (42 мг ), магнезиум (17 мг), железо (0,370 мг), фосфор (17 мг), цинк (0,3 мг) и бакар (0,5 мг).
Бета каротенот (провитамин А) е најзастапен од витамините, како и групата на Б витамини (Б1, Б2, Б3, Б6). Витаминот Ц го има многу малку, само 3 мг.

• антиоксидантното дејство на витамините го зајакнува имунолошкиот систем;
• присуството на полифеноли во смоквите влијае на успорувањето на
појавата на рак;
• помага кај воспаленија на горните дишни патишта, дејствувајќи како
експекторанс;
• ја помага и стимулира работата на цревата, го регулира нивото на шеќери и холестерол;
• ја стимулира работата на мозокот и концентрацијата, го подобрува расположението како резултат на дејството на магнезимот, калиумот, глукозата и триптофанот;
• го регулира клеточниот метаболизам поради богатата содржина на калиум.

Поради сите претходно наведени факти за смоквата, истата треба да биде присутна во тек на целата година во исхраната, а нестрпливо ќе го очекуваме летото да уживаме во
свежите смокви.

Коментирај