СМК: Отстранувањето на Семакедонското 16-зрачно сонце претставува фашизам и тероризам против Македонците!

0
278

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС: ОТСТРАНУВАЊЕТО НА СЕМАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ПРЕТСТАВУВА ФАШИЗАМ ТЕРОРИЗАМ ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ!

Отстранувањето на Семакедонското 16-зрачно сонце од јавни места и од јавна употреба претставува фашизам и антимакедонизам!

Семакедонското 16-зрачно сонце е дел од културно-историското наследство на Македонскиот народ и неговото сквернавење со отстранување од јавни места и од јавна употреба претставува најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото кое не застарува!

Владата мора да биде свесна за последиците од делата кои според Кривичниот законик ги врши: Повреда на угледот на Република Македонија (член 178), Излагање на подбив на Македонскиот народ и припадниците на заедниците (член 179), Оштетување туѓи предмети (член 243), Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости (член 264), Уништување или оштетување јавни инсталации (член 291), велепредавство (305), Предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост (член 319), Злосторничко здружување (член 394), Терористичка организација (член 394-а), Тероризам (член 394-б), Злосторство против човештвото (член 403-а), и Уништување културни и историски споменици (член 414)!

Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и сите акти и дејствија кои од неа произлегуваат се ништовни и Светскиот Македонски Конгрес (СМК) бара, Владата да престане со нејзина примена, да престане со “отстранувањето на Семакедонското 16-зрачно сонце од јавни места и од јавна употреба“!

СМК бара уставните судии да го поништат Указот за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата Димитров-Коѕиас и Спогодбата Димитров-Коѕиас по иницијатива на Светскиот Македонски Конгрес!

СМК, истовремено, ја предупредува Владата да се откаже од “преиспитувањето на статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на територија на Република Македонија, доколку истите на кој било начин упатуваат на античката елинска историја и цивилизација, што претставува составен дел од историското или културно наследство на Грција,“ заради “преземање на соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, имајќи предвид дека Атина изврши окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ што траат до денес, за првпат во нејзината историја во Балканските војни 1912-1913 година!

СМК предупредува дека примената на Спогодбата Димитров-Коѕиас не е во согласност со домашното и меѓународното право и не е дел од внатрешниот правен поредок на Република Македонија, посебно е во спротивност со одлуките на референдумот од 8 септември 1991 година и референдумот на 30 септември 2018 година!

СМК потсетува, дека Собранието на Република Македонија на петтото продолжение на 77 седница одржано на 6 декември 2013 година, веќе го отфрли Предлогот на Закон за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегување во сила на Привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски!

Фејсбук објава на претседателот на СМК, Тодор Петров

Коментирај