СМК СО ОСУДА: Тероризмот не е добрососедство!

0
713

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро го осудува палењето на македонското знаме и скандирањето “славомакедонци” во Гнилање, Пеќ и Приштина на Косово, на протестите во врска со одлуката на Основниот суд Скопје I Скопје против обвинетите за терористичкиот напад во населбата “Диво насеље” во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година, во којшто беа убиени осум припадници на Министерството за внатрешни работи.

СМК смета дека проширувањето на обвинението против можни нарачатели на терористичкиот напад во Куманово на 9 мај 2015 година не ги ослободува од вина осудените Косовари за тероризмот во Македонија.

СМК очекува Македонската Влада да упати протестна нота до Владата во Приштина за навредите против угледот и честа на Македонија и Македонскиот народ во Косово.

СМК ги потсетува Албанците на гостопримството во Македонија за 400.000 Косовари за време НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година и на признавањето на државноста на Косово.

СМК укажува дела тероризмот не смее да го замени добрососедството меѓу Македонија и Косово.

СМК бара Владата да преземе дополнителни мерки за заштита на животите и имотите на македонските државјани и одржувањето на јавниот ред и мир во земјата, по најавите за дестабилизација и нови терористички напади во Македонија.

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

Коментирај