Словенечките “златни” момци потполно понижени!

0
126

Откако словенечкиот кошаркарски тим ја освои европската титула, Горан Драгиќ, Лука Дончиќ и компанијата беа пречекани во Љубљана како големи спортски ѕвезди. Но потоа следеше шок.

Играчите се побунија поради премногу ниската сума на пари од словенечката влада. Словенците, за најголемо достигнување во историјата на државата, биле наградени со вкупно 67.000 евра.

Затоа словенечките репрезентативци напишаа “протестно писмо” на премиерот Миро Церар, меѓу другото истакнувајќи дека, секој играч на Србија добил околу 20.000 евра а Шпанците околу 30.000 евра по играч.

Имено, кога данокот ќе се одбие и ќе се подели на 12 играчи се добива сума од 4187 евра, сума која далеку е зад сумата по играч која ја исплатиле Србија и Шпанија.

Но, најголем удар или подобро понижување го доживеа словенечкиот тренер Игор Кокошков, инаку помошник тренер во Јута Џез. Тој и неговите соработници нема да добијат ниту евро.

loading...

Коментирај