Слобода за Јане Ченто: Народот ќе ви покаже чии идеали следи, а вие може само да се сликате

0
670

„Со години читаме како се удараат во гради повикувајќи се на Организацијата и нејзината борба.

Па било време комитско, па следеле идеали, па биле наследници…внимавај – наследници!

Не сте им ни до колена на Големите Македонци од Организацијата.

Кога ќе описменувате како апостолите, кога ќе го учете народот за борба за слобода и совршенство, а не на робување на странци, кога ќе бидете решителни како извршителите на Организацијата – тогаш излезете јавно и кажете дека следите нечии идеали!

А вака, ситуацијата покажа дека сте обични профитери и опортунисти кои се кријат зад историски идеали на Македонскиот народ додека се борат за фотељи, плати од буџет, тендери и бенефиции од партии.

Што направивте за Македонскиот народ по урнек на Организацијата?
Дали го описменивте како Гоце?
Дали ги решивте народните долгови како Мише?
Дали смисливте некое дела како Пере Тошев?
Или пак го организиравте народот да се бори против окупаторите како Тодор?
Дали се откажавте од благодети што ги добивате како што се откажа Ченто?

Па „протести“, „револуции“…кои се само борба за фотеља, бенефиции и тендери, знаат и малите деца!

Болна ви е старата кур*а политика, а двата столба на лагата кај и да е ќе се срушат заеднички.

Народот ќе ви покаже чии идеали следи, а вие може само да се сликате како и до сега…иако овој пат тешко дека и ќе ви биде дозволено да се сликате…важно ве излажале дека сте фотогенични, лидеришта.

Доаѓаат денови кога НАРОДОТ ВИСТИНСКИ ќе ја има судбината во свои раце…. уште малку време има до новата АСНОМСКА МАКЕДОНИЈА.

#СлободаЗаЈанеЧенто“

Фејсбук објава на групата за поддршка „Слобода за Јане Ченто“

Коментирај