СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Падна главната купола на Нотр Дам, пожарот во катедралата се уште беснее

0
2151

Пожарот кој попладнево избувна во познатата катедрала Нотр Дам во центарот на Париз, ја собори главната купола на катедралата. Се уште не се познати причините за пожарот во Богородичната црква.

Богородичната црква се смета за најубавиот пример за француската готска архитектура.

Неофицијално пожарот настанал како последица на зафати за реновирање.

Градоначалничката на Париз, Ана Идалго, го опиша како „страшен оган“ и ги повика луѓето кои се во близина да ги почитуваат ограничувањата за приближување кои ги пставија противпожарните екипи со цел да безбедни.

Коментирај