Следат пет неработни денови

0
382

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

Потоа, следи викенд, па неработен е понеделник по Велигден, 29. април.

Неработен е и Први мај кој доаѓа веднаш потоa.

Извор: lider.mk

Коментирај