Славниот српски актер го раскажа своето тешко детство: Се селевме 13 пати, а еднаш пукаа на мене…

0
118

Никола Ѓуричко денес секако е еден од најуспешните, најхаризматични и најдуховити актери во регионот, но неговиот живот не бил ниту малку лесен. Актерот во една прилика пред многу години, ја отвори душата и се присети на своето детство, како и една непријатна ситуација во која паднал кога бил дете.

-Долго време бевме потстанари, се селевме 13 пати. Најдолго живеевме на Видиковец, потоа на Петлово брдо, Баново брдо, во Нушиќевата улица и на Зелениот венец. Во еден стан останавме само една недела. Го имавме германскиот овчар Алиса, но затоа што не сакаа да не примат во становите со куче, го подаривме на пријатели кои имаа куќа со двор. Бев многу тажен, кажа во една прилика за магазинот „Хупер“ славниот актер.

Ѓуричко тогаш раскажа и дека за малку не настрадал кога еден старец пукал кон него и неговите другари.

-Многу сакав а да си играм на улица. Излегував наутро од дома и се враќав дури навечер, извалкан и раскрварен. Не доаѓав дома без потреба, тоа го правев тек кога родителите ќе почнеа да ме бараат. Беше супер додека живеевме на Петловото брдо. Ниските приземни куќи и околните ливади. Обожавав да возам трицикл кој на надолнина можеше да развие брзина до 20 километри на час. Постарите деца не водеа преку магистралата да крадеме пченка. Една еден чичко пукаше на нас. Веројатно во воздух, но јас помислив дека ќе загинеме поради пченката, го раскажуваше тогаш тој своето детство.

Во 1989 година тој запишал средно дизајнерско училиште. Завршил три години и паднал во лошо друштво. Кога имал 16 години се отселил од дома и почнал да живее сам.

-Во втора година ја добив улогата во серијата „Отворена врата“. Добивав големи хонорари, но одлучив да се осамостојам и да живеам сам. Најдов еден мал стан, на некое поткровје, живеев сам во стан од 17 квадрати, но тоалетот беше голем, со када во која можев да се испружам. Таму живеев повеќе од една година. Серијата ми го поремети училиштето. Беше тешко да ги погодам и снимањата и предавањата. Заработував сериозни пари од кои можев да живеам убаво и да го финансирам своето семејство во таа 1993 година, позната по инфлацијата. Тогаш се поретко одев на предавањата. Некои професори ме разбираа, некои не. Запишав и трета година, по работа имаше се повеќе. Престанав да одам на предавања. Сега ми е жал што не ја завршив академијата, затоа што сметам дека е важно да се има диплома. Тогаш сметав дека поважно да работиш, затоа што сакав да бидам актер, а не студент, откри Никола пред неколку години за овој магазин.

Извор: kurir.mk

loading...

Коментирај