4.8 C
Скопје
понеделник, март 25, 2019
Магазин Забава Славната манекенка добива закани по живот, нема да верувате која е причината...

Славната манекенка добива закани по живот, нема да верувате која е причината (ВИДЕО+ФОТО)

0
179

Девојката која поради изразените и споени веѓи стана сензација на Инстаграм, откри во телевизиска емисија дека добива закани по живот. Заканите ги добива, верувале или не, бидејќи има такви веѓи.

Софија Хаџипантели решила дека нема да ги скубе веѓите и од тогаш ги носи споени, по што наликува на познатата сликарка Фрида Кало. Благодарејќи на атрактивниот изглед, манекенката има речиси 300.000 фанови на Инстаграм. Но, тоа и прави и проблем.

-Добивам многу смртни закани, неверојатно, но вистинито. Не ми е смешно. Инаку, има многу негативни реакции. Нема да ве лажам дека сите позитивно реагираат зашто тоа не е вистина. Повеќето се негативни. Одвратно е, но постојат луѓе кои некој ги убедил дека е неприфатливо да се изгледа како мене, а тоа толку ги разбеснува што се закануваат дека ќе ме убијат, рече манекенката во утринската програма на британската ББЦ , што ги шокира двете водителки, како и популарниот водител Пирс Морган.

Коментирај